Знамиња пред влада на половина копје. Премиерот Зоран Заев свика вонредна седница. Состанокот почна со едноминутно молчење за жртвите кои трагично го загубија животот во синоќешниот пожар. Прогласена е тридневна жалост, а за истрагата за случајот Владата ќе ја прифати помошта од неколку земји сојузници во НАТО кои ќе испратат експерти од највисоко ниво за истрага на пожари.
На оваа седница која траеше два часа, не беше дискутирано за понесување одговорност или за оставка. Нешто кое го бараат и реагираат постојано граѓаните, но и опозициските партии.
Ниеден од министрите или државните функционери не најавија оставка.
Како првиот вицепремиер Артан Груби така и заменик Министерот за здравство Илир Хасани велат дека не е време за оставки туку за справување со овој предизвик.
„Не е време за оставки, време е кога треба да се соочиме со предизвиците. Истражните органи и органите на обвинителството се активирани и очекуваме официјални извештаи од нив.“, вели Хасани.
Од албанската опозиција АА велат дека ќе сторат се за расчистување на случајот.
„Нема да дозволиме да ги скријат валканите работи како што ги криеја до сега, ќе сториме се преку собранието, да има квалитетна истрага и да има одговорност.“, вели Села.
И од опозициската Алтернатива бараат неотповиклива оставка од надлежните органи додавајќи дека “иако ваквите загуби не се враќаат, казнувањето на виновниците, адресирање на одговорноста и оставки се олеснување за општеството“.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ во врска со ситуацијата, од каде рекоа дека поминале повеќе од 16 часа а владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово. Апелираат до Филипче и Заев да ги споделат информациите што ги имаат со граѓаните.
Инаку откажани се сите настани од агендата на државните функционери, министри како и настани и активности на други институции.
