„Ќе морам да се консултирам со адвокатите“, вели Божиновска по прашање дали сè уште има бугарска самосвест

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за енергетика рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка, истакна дека за тоа ќе мора да се консултира со адвокатите.

Ист одговор даде и на прашањето дали се уште има бугарска самосвест, со оглед на тоа дека при добивање на државјанство лицето треба да се изјасни како Бугарин/Бугарка.

„На тоа прашање ќе морам да се консултирам со адвокатите, они ја водеа таа процедура. Тоа беа изјави кои сега навистина не се сеќава, тоа беше многу оддамна. Не го водев јас процесот“, додаде Божиновска.