Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во живо во вестите на ТВ21 одговори дали ДУИ ќе замине во опозиција.
„Прашањата на состав на политичко парламентарно мнозинство е прашање на разговори со политичките субјекти, дел од работите кои ДУИ ги постави како услов веројатно наидоа на соодветен одговор во текот на предизборната кампања, така што мислам дека тој адреналин фактички што се крева во текот на предизборието треба да го спуштат и рационално да разговараме, затоа што сметам дека сите ние кои сме дел од политичкиот живот и носиме одлуки сериозни од кој што зависи и на државата, и на нашите граѓани треба да ги извлечеме најрационалните и најоптималните решенија“, порача Шилегов.
