Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи е отворен за разгледување на предлогот за лесно покачување на даноците со цел “економско заздравување“.
Академикот Таки Фити говорејќи за избегнување на ризикот од финансиска нестабилност, освен што предложи лесно покачување на даноците, исто така побара владата да ги скрати трошоците.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на вчерашната научна конференција рече дека веќе постои стратегија за даночна реформа, но не откри дали и за кои даноци ќе има покачување. Во врска со тоа, рече дека започнале јавна дебата за правичноста и ефикасноста на даночниот систем во прибирањето на приходите како и за зголемување на транспарентноста и квалитетот.
