Кешишев пред судот: Писмото не е мое, Палчо ми го даде додека бевме заедно во комбе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Влатко Кешишев кој на минатото рочиште до судот достави писмо на кое пишуваше дека Љупчо Палевски – Палчо не е извршител на убиствата, денеска повторно на крајот од судското рочиште побара збор.

„Писмото што стигна до судот не е моја изјава, тоа ми беше дадено само јас да го препишам со мој ракопис“, рече Влатко Кешишев на крајот од денешното судење.

На прашање од судијата, кој и кога му го дал писмото, Кешишев одговори:

„Палчо ми го даде додека се возевме заедно од затворот до судот“.

Судија: А зошто ти тоа го направи?

Кешишев: Од страв.