Киев: Стопирањето на воената помош за Украина наликува на принудна капитулација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина се огласи по повод стопирањето на американската воена помош во конфликтот со Русија.

Олександар Мережко, претседателот на Комитетот за надворешна политика на украинскиот парламент, реагира дека стопирањето на воената помош од страна на претседателот Доналд Трамп, наликува на принудна капитулација на Украина под условите на Русија.

„Сега да се прекиен помошна, значи да му се помогне на Путин. На прв поглед ова изгледа многу лошо. Изгледа како да сме принудени да капитулираме, што значи прифаќање на руските барања. Најважно е дека ова е психолошки удар, политички удар за Украина“, изјави Мережко, споредувајќи го стопирањето на помошта со договорот од Минхен во 1938 година кога нацистичка Германија доби дозвола да анектира дел од тогашна Чехословачка.

„Ова е полошо од Минхен, затоа што таму барем не се обидоа да ја покажат Чехословачка како агресор, а тука се обидуваат да ја обвинат жртвата за агресија, што е премногу опасно“, рече Мережко.