Кинеската провинција Фунинг ги забрани роденденските прослави и воведе рестрикции на венчавките и погребите по апелите на централните власти кои ги повикале граѓаните да штедат!
Новите правила ќе стапат на сила во текот на месецов, а со нив се забранува организирање на прослави за родендени, добивање работа, унапредување како и секаков вид куќни дочеци.
За сега мерките ќе важат само за членовите на комунистичката партија, јавните службеници и локалните функционери, но се очекува да бидат пример и за другите граѓани.
Освен тоа воведена е и забрана на паричните подароци за венчавки и погреби, кои не може да надминат 25 евра. Таква пракса е стар кинески обичај, но исто така се користи и за подмитување на влијателни лица.
Според новите правила, јавните службеници ќе мора однапред да ја пријават забавата, да ги покажат трошоците, и да приложат вкупен број на гости. Бројот на гостите не може да биде поголем од 200.
