Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вчерашното дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека потребни се избори за да се стави крај на хаосот кој што го прават министрите од ВМРО-ДПМНЕ.
Реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Тој истакна дека во СДСМ се залагаат декларативно за здравјето на граѓаните, но не и суштински.
„За нас и за сите останати, верувам дека и во СДСМ, здравјето на граѓаните е најважно. Не би сакале да одиме на избори кадешто наместо на денот на избори да броиме гласови, ние да броиме новозаразени или човечки жртви“, рече Арсовски.
Арсовски порача дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев се плаши од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. A од друга страна пак Костадинов рече дека
„Додека здравствените власти се борат со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ само лаже, манипулира и обвинува“, изјави Костадинов.
