Зошто 14 годишната Вања Ѓорчевска е убиена не цели два часа по грабнувањето, ако целта била откуп за пари?
Ова е прашањето на кое јавноста очекува одговор, но дали тоа ќе се случи и по завршување на судскиот процес засега е нејасно. ТВ21 токму ова го постави како прашање на годишниот брифинг одржан во средата во јавното обвинителство. Повеќе од 30 новинари беа присутни пред голем број на обвинители од речиси сите обвинителства како од Скопје така и низ Македонија.
Надлежната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска повика на трпение до крајот на судењето.
„Предметот е во тек има судска постапка отворена за јавноста повеќето од вас следите што се случува. Предмет на обвинението се дејствијата кои обвинетите ги извршиле и штетната последица кои што се опишани и се на товар на докажување на обвинителството сметаме дека истите ќе бидат докажани. Точно дека засега предмет е и делот со користољубие, но бидејќи обвинителството тргнало со докажување на овој дел како елемент на кривично дело, да бидеме трпеливи и да видиме до крајот на судската постапка дали ќе успееме истото да го докажеме. Со оглед на тоа дека сме покренале вакво обвинение, обвинителството смета дека ќе има доволно докази да се докаже“, рече Ана Стојковиќ-Димитровска, обвинителка.
Во свет каде секојдневно се соочуваме со различни перспективи, постои постојан предизвик да ја разбереме човечката природа и постапките што произлегуваат од неа. Често, она што ни изгледа нормално и човечко, не секогаш е одраз на размислувањето на секој поединец. Во рамките на оваа перспектива, човекот може да биде воден од во уникатни принципи и мотиви, кои неретко не кореспондираат со општествените норми.
Јас еднаш и на првата прес конференција го кажав, сите ние сме луѓе. Се за нас што е нормално и човечкo, за тој што тоа го прави не е секогаш така. Тоа е во неговата глава, тоа не е наша глава, ние размислуваме со наши глави и размислуваме како би требало да постапува одреден човек кој што постапува нормално во своето однесување. Е тоа можеби некогаш ќе го одговори само тој таму. Но во однос на користољубието доказниот материјал е таков и обвинителството оди во таа насока и како што кажа обвинителката дека успешно се движи во таа насока што е дел од обележјето на кривичното дело, рече Гаврил Бубевски, шеф на ОЈО.
Брифингот донесе и уште една информација која речиси сите во салата го изненади. Нашето второ прашање беше каде е клучниот сведок Гоце Трајковски и дали тој е достапен за обвинителството. Збор зеде Гаврил Бубевски шефот на основното јавно обвинителство или обвинителството со најголем број на предмети.
Гоце е осомничен за друго тешко кривично дело и во моментот тој е недостапен за органите на откривање и органите на прогонот. Гоце е осомничен за палење на објект во кој што над објектот живеат станари во станбен комплекс. Се работи за тешко дело, тешки дела по општата сигурност за кое две лица соизвршители на Гоце се во притвор, рече Гаврил Бубевски, шеф на ОЈО.
Според информации на ТВ21 опожарувањето се случува на 13-ти ноември, односно два дена пред денот кога требаше да сведочи Гоце Трајковски во судница. Тогаш неговата мајка Кираца Трајковска во судница изјави дека синот имал паничен напад и висок крвен притисок. Но тоа не е се. Според наши извори, Гоце имал и видливи траги и повреди од подметнувањето на пожарот, па доколку се појавеше на судското рочиште тоа ќе го забележеа присутните во судницата. Во тие моменти обвинителството не знаело дека предложениот сведок е и извршител на тешко кривично дело. Два дена по судењето, тие преку снимки од надзорни камери и искази тие сфаќаат дека првоосомничен за пожарот во кафуле во скопската населба Кисела Вода е токму Гоце Трајковски, од тогаш започнуват и потрага. Но речиси месец дена, тој не е достапен за органите на прогонот. Дека не е достапен Обвинителството вчера дознало дека Трајковски е во бегство.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против две лица, а по уште едно трага во врска со намерно опожарување на угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите. На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото. Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор, велат од Јавното обвинителство.
Но, кои се мотивите за пожарот во Кисела Вода?
Во делот на мотивот имаме изјави кои во моментот не можеме да ги коментираме од страна на соучесниците и се гледа од одредени аспекти договарање и немаме никаква дилема во делот на соучесништво, рекоа од Јавно обвинителство.
Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во случајот за грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Трајковски, заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски водел паралелна истрага по исчезнувањето на девојчето, прибирајќи и прегледувајќи снимки од камери.
Инаку, Трајковски е син на поранешната директорка на „Фершпед“ Кираца Трајковска, која на 15 декември сведочеше во Судот во рамките на истиот предмет. Трајковска пред судот тогаш кажа дека нејзиното семејство е во стара кумовска врска со семејството на Александар Ѓорчевски и затоа побарала од нејзиниот син да помогне во потрагата по девојчето.
Бидејќи Трајковски во бегство, сега во прашање се доведува и неговото сведочење на судењето за двојното убиство. Во врска со ова јавниот обвинител Бубевски рече дека има две распложливи опции јавноста да го чуе неговиот исказ.
Законот за кривична постапка предвидува читање на исказот даден во истражна постапка. Ова е еден од случаите кога може да се прочита тој исказ, значи доколку лицето е недостапно на органите на прогонот. Но тоа не значи дека цело време ќе биде недостапен, значи по него се трага. Не значи дека така ќе биде. Во одреден момент може да биде фатен и потоа да си даде исказ и да биде донесен во постапката каде што е сведок и да си даде исказ. Но таа солуција постои и е предвидена во законот за кривична постапка, неговиот исказ даден во истрагата како сведок да се прочита цел на главната расправа, рече Гаврил Бубевски, шеф на ОЈО.
На брифингот беше поставено и прашањето како Трајковски како приватно лице шетал ни градот и собирал снимки, надлежната обвинителка во случајот рече дека тие не се повикани на одговоро на ова прашање, затоа што снимките што тие ги имаат се обезбедени легално со наредба до Министерството за внатрешни работи.
„Тоа е делот за кој ние можеме да зборуваме, а за тоа кој ги давал снимките на физичкото лице не можеме да одговориме“, нели надлежниот јавен обвинител.
Судењето е во фаза на сведочење од страна на сведоци предложени од обвинителството.