Клучните закони да е носат преку дијалог – Гир: Враќањето на довербата во правосудството приоритет број еден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заложби треба да дадат сите, бидејќи јавната доверба во правосудството е приоритет број еден, вели евроамбасадорот Дејвид Гир на онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“.

„Во извешајот од октомври минатата година, Европската комисија го препозна добриот напредок во зајакнување на владеењето на правото и спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, вклучително и назначување врз основа на заслуги. Тука е и законот за Јавно обвинителство што влезе во сила минатиот јуни, а којшто обезбедува одржливо решение на случаите и отчетност на кривичните дела што произлегуваат од незаконското прислушување.“, вели Гир.

Тој подвлече дека законот треба да обезбеди независно правосудство отпорно на надворешни притисоци.

„Реформата на правосудството е во основа во интерес на граѓаните, затоа што еднаквост пред законот, доверба во институциите исто така ќе придонесе и за инвестиции во земјата, затоа што секоја инвеститор сака да има клима која што е од доверба и предвидлива значи значајно е за сите аспекти, екномски и социјални.“, рече Гир.

Во однос на имотната состојба и работењето на судиите и јавните обвинители, Гир исткакна дека Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Државната комисија за спречување на корупција, треба да продолжат да го вршат својот мандат за да обезбедат добар опфат на сите елементи и тоа значи обезбедување ефективно владеење на правото, добивање на јавната доверба.

Маричиќ ја посочи и помошта и поддршката што ја добиле од страна на експертите од проектот и при подготовката на двата клучни стратешки документи што на нашата држава и недостасуваа подолг период.

„Актуелната стратегија би требало да биде исполнета до крајот на оваа година, а тоа покрај нејзина реализација не обврзува и да започнеме со подготовка на новата стратегија за периодот 2022-2027, така што оваа година 2021 ќе биде година во која што ќе треба целосно да ја резлизираме актуелната стратегија за реформи и да ја подготивме нова за наредниот пет годишен период.“, истакна Маричиќ.

Во контекст на тоа посочи дека Собранието секогаш функционира со мнозинство од најмалку 61 пратеник, а во моментов мнозинството брои 62 пратеници. За двотретинските закони се потребни 80 пратеници, а за тие закони секогаш се отвора дијалог. Во однос на клучните закони, како што додаде, ќе се отвори дијалог со опозицијата и со другите политички партии во Собранието.