Отидоа да се забавуваат, но ноќта на 15 март беше последна за нив.
Пожарот што избувна во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, импровизиран во стар магацин за теписи, однесе животи на најмалку 59 млади лица, а над 150 се повредени.
Од видеата кои беа споделени на социјалните мрежи, се гледа дека пожарот избувнал од огномет на сцената, кој го запалил таванот на објектот.
Кога виделе дека пламените јазици проголтуваат се, почнале да трчаат да излезат.
Направен е толку голем хаос што, како што посведочи 20-годишната Марија Тасева, паднала, а други ја згазиле додека трчале да избегаат.
Очевидци известија дека за неколку минути огнот зафатил се.
Членовите на семејството и родителите дознале што се случило по 2 часот по полноќ!
Тагата е неопислива.
Драги Стојанов е еден од оние кои во трагедијата го загубија синот, 21-годишниот Томче.
Драги Стојанов, Родител на една од жртвите
Ивица е родител на 17-годишник кој бил присутен во оваа дискотека, но се спасил од пожарот.
Рече дека за пожарот во објектот утрото го известил сопственикот на дискотеката, а потоа видеата ги видел на социјалните мрежи.
Тажната вест привлече меѓународно внимание!
Пристигнаа стотици пораки со сочувство во кои се изразува солидарност и споделување на болката.
Северна Македонија прогласи 7 дневна жалост.
