Кочовска: Избришани се 20 илјади невработени лица од Агенцијата за вработување, Ковачевски: Никој не е избришан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитроска- Кочовска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека избришани биле 20 илјади невработени лица од Агенцијата за вработување.

„Од листата на активни баратели имаме избришано, за првите 4 месеци, 20.511 лица. Тоа се за месеците јануари, февруари, март и април, со тоа што најмногу во месец март – 17.302 лица. И ова веќе дава сосем друга пресметка, односно личи дека овие лица се вработиле. Не, не се вработиле“, вели Димитроска-Кочовска.

Таа објасни и зошто е тоа така.

На ова тврдење, заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски вели дека никој никого не избришал.

„Секогаш постои, во цел свет, активен барател на работа и пасивен барател на работа. Дури кога се носеше решението за финансиска поддршка на невработени, синдикатот се сложи, и пасивните баратели на работа да бидат опфатени со мерките“, додаде Ковачевски.

Во продолжение целосните изјави: