Еден од проектите кој се очекува најмногу да помогне на стопанството на земјата е коридорот 8. Договорот за изградба е веќе е потпишан со американската компанија Бектел Енка. Автопатот кој ќе ги поврзува Северна Македонија, Бугарија и Албанија, ќе поминува од Скопје до Ќафасан.
Прашан во Клик Плус кога делот во Северна Македонија ќе биде готов, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изјави:
Според министерот, ресорот кој управува со постапките ја подготвува и документацијата на автопатот Гостивар Кичево.
И директот на ЈП „Државни патишта“ , Ејуп Рустеми, изјави дека овој коридор има голема важност бидејќи ги поврзува северниот и источниот дел, со што, како што вели, тоа ќе влијае врз зголемувањето на трговијата меѓу соседните држави. Според него, стопанството ќе има директен профит, но и индиректен, од транзицијата на камиони меѓу Албанија и Бугарија.
