Екс градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во 2015 изјави дека е убеден дека ќе урне дел од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е нелегално.
Но поминаа 5 години и таква одлука се уште не е донесена. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска беше на Матка за да ја потсети владата на платформите кои се дивоградба, но на прашањето за седиштето на неговата партија, рече да прашаме во општина Центар.
Телефонски актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ за ТВ21 рече дека предметот за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е во Јавното обвинителство за истрага и дека објектот е замрзнат поради истрагата. Тој додаде дека ќе постапи според одлуката на ЈО.
Од оваа партија втор пат одржуваат прес конференција пред дивоградбите. Вчера беа пред еден објект спроти амбасадата на САД. Ова следи по уривањето на објектот кај Мавровка потсетувајќи ја владата и за другите дивоградби. Во ЈО има судски предмети за финансирањето на објектот на ВМРО-ДПМНЕ, за екс претседателот на ДПМНЕ, Никола Груевски, екс генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, екс министерот на транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски и Леко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
