Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во случајот „Рекет“, денеска зборуваше за тоа што зборувал со Катица Јанева
„Со Катица Јанева сум зборувал на многу теми, затоа што немала предрасуда за мојата сексуална ориентација. Кога ме притворија, велеа Боки пед*р. Па потоа премиерот ме нарече пед*р. И Јанева беше жена која со мене оствари пријателска комуникација, но никогаш базирана на основа на професионален однос, или јас да бидам стручен советник на Катица или да се интересирам за предмети поврзани со нејзината работа.“, рече Боки.
