Кога телата на загинатите ќе бидат пренесени во Македонија? – одговара Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за ТВ21 посочи дека телата на жртвите кои загинаа во страшната несреќа во Бугарија ќе бидат пренесени во Македонија откако ќе заврши ДНК идентификацијата во судската медицина.

„Откако ќе се изврши идентификацијата, ќе го организираме транспортот. Се ќе зависи од тоа колку динамично, како ќе функционира Институтот овде. Се надевам и верувам дека тоа е приоритет на Институтот“, рече Османи во интервју за ТВ21.