Кои се најинтересните обичаи на дочекот на Новата година?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без разлика дали чекорите во Новата година од возбудлива странска земја или дома со семејството и пријателите, веројатно имате новогодишна традиција или обичај.

Без разлика дали се работи за одредено мени, новогодишна забава или некое суеверие како чистење на домот за да ја направите Новата година исто толку „средена“ – културите ширум светот ја дочекуваат промената на календарот со свои уникатни новогодишни традиции. Можеби Новата година започнува во моментот кога часовникот ќе отчука полноќ на 1 јануари во повеќето земји, но прославите што се одржуваат за 
дочек на новата година во различни делови на светот не може да бидат поуникатни.

Во продолжение некои од најинтересните обичаи.

Во Шпанија дел од жителите јадат 12 зрна грозје точно на полноќ во чест на традицијата која започнала кон крајот на 19 век. Во 1800-тите, лозарите во областа Аликанте ја смислија оваа традиција како начин да продаваат повеќе грозје на крајот на годината, но слатката прослава брзо стана дел од традицијата. Денес, Шпанците уживаат да јадат по една бобинка од грозје за секое од првите 12 ѕвона по полноќ, со надеж дека тоа ќе донесе година со среќа и просперитет.

Во последните 25 години во Русија традиција беше двајца нуркачи именувани Дедо Мраз и „Замрзната девојка“ да се нурнат во замрзнато Бајкалско Езеро, најголемото слатководно езеро во светот, и да накитат новогодишна елка. Иако температурата обично е под нулата, сепак, луѓето од целиот свет присуствуваат на овој обичај за да сведочат на овој тип прослава.

Еден од интересните руски обичаи е исто така и „пиење“ пепел. Тоа оди така што пред новогодишната ноќ, луѓето на хартија пишуваат новогодишни желби, потоа ја палат хартијата, и остатоците ги фрлаат во шампањско, па го пијат.

Дел од жителите на Грција, пак, обесуваат кромид (некои од нив лук) на вратата, затоа што веруваат дека тоа е симбол на повторното раѓање. Го закачуваат на вратата за да го поттикнат растот низ целата година.

Во Данска, пак, традиција е да се кршат чинии на влезната врата на вашите пријатели и соседи на новогодишната ноќ. Некои велат дека тоа е средство за напуштање на секаква агресија и лоша волја. Се вели колку повеќе скршени садови, толку повеќе среќа.

Чесите претпочитаат да ја предвидат својата иднина на новогодишната ноќ со помош на јаболко. Вечерта пред почетокот на новата година јаболкото се преполовува, а се вели дека обликот на јадрото на јаболкото ја одредува судбината на сите околу него. На пример, ако јадрото на јаболкото личи на ѕвезда, тогаш сите наскоро повторно ќе се сретнат во среќа и здравје – но ако изгледа како крст, тогаш некој наскоро може да разболе.

Луѓето во Ерменија печат леб на новогодишната ноќ и тие додаваат посебна состојка во тестото која ја нарекуваат „среќа“. Тоа е традиција да се мешаат метафорични добри желби во секоја порција на леб печен на последниот ден од годината.

Во Турција се смета за среќа да се посипува сол на прагот штом часовникот ќе отчука полноќ на Нова година.

Во Ирска е обичај припадничките на женскиот пол да спијат со имела под перницата на новогодишната ноќ.

За време на новогодишната прослава на Хогманај во Шкотска, низ целата земја се практикува „прв влез“. Првиот што ќе го помине прагот на домот во Новата година треба да донесе подарок за среќа.

Во Бразил, како и други земји од Централна и Јужна Америка, како Еквадор, Боливија и Венецуела, се смета за среќа да се носи специјална долна облека на новогодишната ноќ. Најпопуларните бои се црвената за која се верува дека носи љубов во Новата година и жолтата за која се верува дека носи пари.