Катаракта е една од најчестите интервенции во медицината. Доктор Златко Арнаудовски од Систина Офталмологија гостуваше во „Урбан Таг“ на ТВ21 и објасни кои се симптомите на катаракта.
„Најчесто симптомите се заматеност на сликата. Како да препознаете катаракта? Кога се гледа телевизија, ако пациентот го покрие едното око, и почувствува дека има одредена забледеност пред себе, тогаш има катаракта. Некогаш таа ситуација може да се влоши за неколку месеци, некогаш за неколку години, но тоа е некој прв симптом“, рече Арнаудовски.
Доктор Арнаудовски објасни на кој начин се лекува катаракта.
„Не може да се излечи, но може да се успори, да се забави. Денешната медицина вели дека лекувањето е исклучиво хируршки“, рече д-р Арнаудовски.
Целата изјава низ видео:
