Кој добива,а кој губи со една изборна единица? Трајанов до Азири: Со вашиот предлог ја фаворизирате ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Не само политички, туку за промена во изборниот законик треба да има и етнички конзензус“-изјави пратеникот од АА, Елми Азири во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Според него, државата треба да има осум изборни единици, а не една.

-За измени во изборниот законик, за новиот изборен модел, не треба конзензус само меѓу политички партии, туку и етнички конзензус. Ако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се сложат со една изборна единица, ДУИ и Алијанса не сакаат, не треба да има. Дали може да има промени во изборниот законик?Не може да има, вели Азири.


Павле Трајанов од Демократски Сојуз смета дека една изборна единица е вистински модел за Македонија. Исто така проговори и за отворените листи, и смета дека ако ги има, тогаш не треба да постојат коалициите.

„Доколку се прифати моделот со осум изборни единици, како што сака Алијанса за Албанците, само им се зајакнува позицијата на ДУИ. Затоа што ќе се раситнат гласовите и губиме сите помали политички партии.
Трајанов додава дека начелно поддршка од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и од другите мали партии во Собранието за една изборна единица има. Но, порачува доколку биде блокиран овој предлог закон, Владата може да падне со поддршка на други пратеници.
Според професорот Спасеновски имало многу дебати од политичката десница за инсистирање на гласање на дијаспора. Комплицирано беше гласањето кога се воведе. Имавме ситуација кога пратеници беа бирани со 200-300 гласови, од друга страна некои пратеници кои се избрани со далеку поголем број гласови, потоа го оспоруваа нивниот легитимитет“, вели Трајанов.


-После 2016 година кога се договараа тогашните измени на изборен законик, во сенка на онаа Пржинска влада, моето чувство како да се постигна еден премолчен конзензус, дека оваа држава проба да овозможи на дијаспората да гласа, но дијаспората некако не беше подготвена, велеи Александар Спасеновски.


Ставот зошто се против една изборна единица, Азири го образложи со тврдењето дека ќе придонесе за нестабилно мнозинство, и дека ќе има 30 политички партии по еден пратеник во Собранието, а со тоа опасност од избори на секои шест месеци.