Кој може да аплицира за помош од петтиот пакет мерки? Одговара Лукаревска во #ClickPlus

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во тек е аплицирањето за петтиот пакет економски мерки од страна на компаниите.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна кои се условите за аплицирање на петтиот пакет мерки.

„Се уште се во тек аплицирањата за петтиот пакет мерки. Имаме ослободување за аконтациите за данок на личен доход. Овој пат разликата е во тоа доколку една компанија користи бескаматен кредит, не може да аплицира за помош за плати. Во претходните пакети беше дека една компанија може да аплицира и за бескаматен кредит, плус за финансиска помош за плати. Сега едно со друго не може“, рече Лукаревска.