Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо се преселија во Саудиска Арабија каде има строги правила за облекување кои секоја жена мора да ги следи.
Всушност, во таа земја владее шеријатот, а жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавноста, Џорџина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.
Џорџина и Роналдо живеат под новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.
Колку е казната?
За првото прекршување на кодексот на облекување, лице кое ќе ја посети таа земја мора да плати казна од 100 риали или околу 25 евра. Доколку повторно го прекрши правилото, казната е 200 риали, односно 50 евра.
За потсетување, Џорџина и Роналдо престојуваа со семејството, пријателите и персоналот во луксузен хотел со пет ѕвездички каде што престојуваат веќе еден месец додека чекаат да се преселат во новиот дом. Со оглед на тоа колку ќе плати само за сместување во тој хотел, манекенката веројатно не се замара со казната.
