Колку често треба да се менува четката за заби?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За нивното здравје е неопходно редовно и правилно миење на забите. Меѓутоа, ако четката што ја користите не е соодветна поради која било причина, може да ги намали „резултатите“ од миењето.

Стоматолозите велат дека забите треба да се мијат најмалку две минути и после секој оброк. Со четкање на забите ги отстрануваме остатоците од храна, бактерии, забен камен и се што доведува до кариес, расипување на забите и други орални проблеми.

Знаци дека ви треба нова четка

Прво, треба да обрнете внимание на влакната на четката за заби. Ако веќе не се толку вкочанети или ја смениле бојата – ова покажува дека ви треба нова четка.

Доколку забележите дека пастата за заби се акумулира меѓу влакната и тоа е знак дека и е истечен рокот и дека на вашата четка има голем број бактерии.

Исто така, ако влакната паднат и се истрошат – фрлете ја четката во ѓубре.

И производителите на четки за заби и стоматолозите се согласуваат дека треба да ја менуваме четката за заби на секои три до четири (максимум) месеци.

Ако четката ја променила бојата и формата и влакната не се веќе толку вкочанети – тогаш „залуден е целиот труд“ бидејќи таквата четка повеќе не е ефикасна и не може добро да ги исчисти забите.

Заблуда е дека забите подобро ќе се четкаат ако ги триеме забите посилно и подолго. Голема грешка. Може да предизвика само иритација на непцата, пишува Beauty & Health.