Колку лидерите на партиите ги слушаат младите? Одговараат Попов и Стојчевски во DailyClick

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Трајче Стојчевски од СДММ и Сергеј Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, беа гости во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Дебатата на моменти помеѓу двајцата беше „жестока“, се дебатираше за проекти направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, се враќаа на минатите проекти, но и на сегашни.

На крајот ги прашавме двајцата, дали се слушани од лидерите на партиите.

„За политики во јавноста, во СДСМ се води дебата и сите предлози се земени за пример. Секако дека се можело повеќе, ама јас не мислам дека во ВМРО-ДПМНЕ има таква дебата за да се донесе најдобриот буџет или дека толку се слушаат младите, и затоа се такви нивните ставови во јавност. Овие неколку месеци на власт ВМРО-ДПМНЕ погази се што вети, затоа што го сменија правецот. Сега кога ги презедоа функциите, им ветуваат нешто друго на граѓаните. Многу од младите се разочаруваат и гледаат дека не можат низ институциите да ги решат проблемите. Како млади функционери имаме обврска да ја враќаме политиката на младите“, рече Стојчевски.

Сергеј Попов вели дека во неговата партија се слуша гласот на младите.

„Гласот на младите на ВМРО-ДПМНЕ е слушнат, сите ставки на млади се зголемени во првиот буџет. СДСМ кажа дека ќе гласа против буџетот, и јас ќе апелирам, ако поради ништо друго, барем поради ставките за млади да го подджат ребалансот на буџетот. Средба со СДММ и меѓусебна почит нема. Не може глас на млади да е слушнат, а црви да ни шетаат по студентските домови“, вели Попов.