Колку милиони евра им донесоа високите камати на трите најголеми банки во Македонија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трите најголеми банки во Македонија, „НЛБ Банка“, „Стопанска банка АД Скопје“ и „Комерцијална банка“, оствариле над 136 милиони евра како нето-каматни приходи во првото полугодие од годинава. Овие приходи се резултат на каматите наплатени од клиентите по основ на издадени заеми, минусирани за расходите од камати.

Овие банки бележат континуиран раст на профитабилноста, при што приходите од камати остануваат клучен извор на приходи, заедно со зголемени приходи од провизии и надоместоци. Овие резултати се постигнати во услови на високи каматни стапки, кои се одржуваат според политиката на Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ).