„Колку повеќе трошат луѓето растат и цените“ – Нема простор за паника околу зголемувањето на цените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Глобалните случувања се пресудни за порастот на цените. За време на пандемијата од една страна имавме олеснети фискални политики од Владите кои ги поддржуваа економиите, а монетарните политики пак ги подржуваа Централните банки.

Од друга страна пак, производството на стоки доцнеше, проблеми со транспортот, проблеми со земјоделското производство, се зголемија цените на услугите поради недостаток на транспортери, поради недостаток на работници. И сега како што зема замав економијата и се зголемуваат економските активности, граѓаните почнуваат да трошат, така брзината на оптек на парите се зголемува од што произлегува и зголемувањето на цените.

Но, нема простор за паника дека енормно ќе се зголемат цените објаснува професорот од Економскиот факултет Борче Треновски.

„Кога зборуваме за зголемување на цените во мала земја како нашата ,  доминатен дел на зголемување на цените е поврзан со глобалното случување. Значи тука многу малку можеме да направиме и многу малку можеме да делуваме. Можеме да го „изгасиме пожарот“ да ги ублажиме цените, меѓутоа да направиме огромни пресврти во движењето на глобалните и домашните цени многу тешко“, истакна Борче Треновски.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение: