Кога во 1994 г Мараја Кери ја објави својата песна „All I Want for Christmas Is You“, таа не знаеше дека ќе го зацементира својот статус како кралица на Божиќ во следните 30 години.
По објавувањето, хитот и донесе на Кери 60 милиони долари во хонорари според Форбс. Оттогаш неговата вредност само расте и секоја година додава милиони на богатството на пејачката. На 13 декември, „All I Want for Christmas Is You“ стана првата празнична песна што достигна 2 милијарди стримови на Spotify, според магазинот People.
„Неверојатно е“, рече Кери во изјавата за магазинот, „Толку сум им благодарен на сите слушатели ширум светот кои од година во година ја прават песната дел од нивната празнична традиција“.
Овде се поставува прашањето, колку Мараја Кери заработува од „All I Want for Christmas Is You“ секоја година?
Еве сè што треба да знаете за песната што придонесува за голем дел од нејзината нето вредност
Кога песната првпат беше објавена во 1994 година, Кери заработи 60 милиони долари. „Форбс“ тврди дека таа сега заработува околу 2,5 мил. долари годишен надоместок според пресметките на Економист. А според Њујорк Пост, бројката е уште поголема – 3 милиони долари.
„All I Want for Christmas Is You“ е дел од четвртиот албум на Кери, Среќен Божиќ, и беше инстантен успех ширум светот, на врвот на топ листите во 26 земји, три децении по објавувањето, тој продолжува да се искачува на топ листите на Билборд.
Според Spotify, „All I Want for Christmas Is You“ порасна за 120% на глобално ниво на платформата од 2019 година, станувајќи најстримуваната празнична песна на сите времиња и на глобално ниво и во САД.