Комисиите го прифатија буџетот на Јанева

Буџет на специјалната обвинителка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Собраниската комисија за финансирање и буџет, како и законодавно-правната комисија денеска го прифатија предлог финансискиот план за работа на Катица Јанева. За специјалното обвинителство беше одобрен буџет од околу 1 милион евра за работа во последниот квартал од 2015 година.
Јанева ќе започне со тим од седум, а не со предложените четиринаесет обвинители, додека Советот на јавни обвинители не даде зелено светло за преостанатите.
Специјалната обвинителка најави 30-ина предмети што произлегуваат од прислушуваните материјали, неколку повеќе од постоечките што веќе беа доставени од опозицијата, па затоа и во последното барање до Советот потенцираше дека и е потребен комплетен тим обвинители-помошници.

error: Content is protected !!