Компанијата „Телеперформанца Скопје“ им нуди на вработените платена обука која трае 4 недели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Телеперформанца Скопје“ е германска компанија која е најголема светска корпорација за услуга на клиенти, или попознато Кол Центар, кој работи со различни брендови и нуди поддршка на клиентите.

Менаџерот на „Телеперформанца Скопје“ Арион Ризај беше гостин во емисијата „Пастел“ на ТВ21 каде посочи дека компанијата нуди четири неделна обука за секој вработен независно дали има искуство во областа или не.

„Делот за обука е стандарден во „Телеперформанца Скопје“, независно дали лицето има или нема искуство. Тоа е обука која трае четири недели и се плаќа од првиот ден на редовна основа“, вели Ризај.

Инаку, компанијата „Телеперформанца“ во Скопје оперира веќе една година и брои над 250 вработени, додека пак глобално таа бројка изнесува над 300.000 вработени.

Повеќе информации во продолжение: