Кондарко: Начинот на гласање на заболени со Ковид-19 го одлучуваат здравствените власти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борис Кондарко откри кој ќе биде задолжен за тоа на кој начин ќе гласаат заболените од Ковид-19, и оние кои се во државен или домашен карантин.

„ДИК имаше состанок со здравствените власти. Секој си ја врши својата работа. Ние во ДИК сме правници, не знаеме ништо од медиција, и остануваме на здравствените професионалци со соодветни протоколи да ги уредат тие прашања“, рече Кондарко.

Еве ја изјавата на Кондарко низ видео: