Кондово, дивоградба на сред шума- Општина Сарај бара уривање на објектот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е најновиот пат кој води до шумата во село Кондово. Патот е отворен неодамна, но не се знае од кого. Сечени се и дрвја, а жителите од оваа област до редакцијата на ТВ21 пријавија дека над нивните куќи има многу прашина од копањата направени во последно време.

Жителите на с. Кондово се жалаат дека се копа патот за камења во нивната шума, но состојбата на терен е поинаква. Како што видовме и ние, почнало да се гради викендичка.

Поставено е железна арматура и е подготвено местото за поставување на бетонска основа, но таму денеска не се работеше. Градежните работи се во прекин а во близина имаше истоварени тули. Жителите се пожалиле и до општина Сарај, од каде велат дека Градежниот инспекторат на општината веднаш излегол на терен и констатирал дека се работи за дивоградба и узурпација на државно земјиште.

„На 16.02.2022 Инспекторатот за градежништвово излезе на терен и констатираше дека е узурпирано државно земјиште, оштетена е шумата и има дивоградба. Подготвен е записник и донесена е одлука за уривање на објектот. Во постојан контакт сме со МВР, Државниот инспекторат на шумарство и другите институции“, велат од општина Сарај.

Од општина Сарај велат дека го следат случајот одблиску и делуваат според законските надлежности и обврски, а додаваат дека жителите се жалеле дека се плашат од можните поплави од дожд.
Од снимките на ТВ21 се гледа дека во шумата се изградени и неколку други куќи.