Денеска е Денот на Ромите, а само еден ден претходно е најден матичен лекар кој ќе работи во поликлиниката во Шуто Оризаре. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче.
„Најдовме долгорочно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризаре, по шесте неуспешни обиди.“, рече Филипче.
За да видиме кој е матичниот лекар и каде ќе работи, отидовме во поликлиниката во Шуто Оризаре, но таму не го најдовме. Ниту останатиот медицински персонал не знаеше кој ќе биде матичен лекар.
Жителите на Шуто Оризаре велат дека откако се пензионирале тројца лекари, овој здравствен дом е без матичен лекар.
Што се однесува до условите во Поликлиниката, жителите велат дека има уште многу да се направи. Тие се жалат на хигиената и другите недостатоци овде.
Го прашавме и министерот Филипче за тоа кој е матичниот лекар во поликлиниката во Шуто Оризаре, тој рече дека ќе каже по прес конференцијата.
