Конфликтот помеѓу Израел и Хамас во бројки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во конфликтот помеѓу Израел и палестински Хамас убиени се стотици, раселени илјадници луѓе од своите домови и разурната е клучна инфраструктура.

Преглед во бројки:

– Според палестинското Министерство за здравство во израелските воздушни напади што почнаа на 10 мај врз Појасот Газа загинале 243 Палестинци, од кои 66 деца;

– Двајца лекари беа меѓу убиените, меѓу кои и шефот на интерна медицина во болницата Шифа, главна во Појасот Газа;

– Повеќе од 1.900 лица, вклучително и 560 деца се повредени во истиот период;

– Според Обединети нации 91.000 луѓе поради насилството биле принудени да ги напуштат своите домови;

– Според Хамас, при израелските напади врз Појасот Газа погодени се 1.447 домови – куќи или станови;

– Целосно уништени се 205 станбени блокови, наведува Хамас;

– Оштетени се 75 владини и јавни објекти;

– Погодени се 14 километри водоводни цевки, 50 бунари за вода и 17 километри канализациони цевки, тврди Хамас;

– Оштетени се 31 електрични трафостаници и 79 километри кабли, девет главни линии се отсечени;

– Уништени или тешко оштетени се 454 автомобили или превозни средства;

– Три џамии се целосно уништени, 40 џамии и една црква се оштетени;

– Додека според израелските медицински податоци во нападите на Хамас во Израел загинале 12 луѓе, вклучувајќи едно израелско дете, една арапска израелска тинејџерка и нејзиниот татко, еден индиски и двајца тајландски државјани;

– При ракетирањето на Хамас повредени се 357 лица;

– Израелската армиоја соопшти дека од 4.070 ракети истрелани од палестински вооружени групи кон Израел, околу 90 проценти биле пресретнати од израелскиот систем за противвоздушна одбрана Железна купола;

– При нападите од страна на палестинските милитанти 2.061 домови се погодени од ракети и 1.367 за автомобили во јужен и централен Израел;

– Палестинските здравствени власти соопштија дека 25 Палестинци се убиени од израелските сили од почетокот на непријателствата на окупираната територија. Израелската армија соопшти дека најмалку петмина од нив се обиделе да ги нападнат израелските сили на контролните пунктови.