Концерт на електроакустична музика со дела на Ана Пандевска

Концерт на електроакустична музика

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе се одржи концерт на електроакустична музика со дела од младата и афирмирана композиторка Ана Пандевска.

На програмата се дела за пијано, гитара, хорна и четирирачно пијано и трака, меѓу кои „Landscape Atmosphere“, „Life in a box“, „Echo Illusions”, „The space time traveler“…

На концертот ќе настапат пијанистите Дуња Иванова и Ива Виденовиќ, гитаристот Ади Имери и Никола Велковски на хорна.

Ана Пандевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот за композиција. Нејзин интерес и инспирација во дел од нејзините композиции се вокалната музика, фолклорот и џезот.

Авторка е на солистички, камерни, хорски и симфониски композиции. Во последните неколку години истражува во областа на електроакустичната музика. Како редовен член на СОКОМ, Пандевска е добитник на три награди за класична композиција.

Нејзините дела редовно се изведуваат на фестивалот Денови на македонска музика, како и на концерти во САД, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и во Македонија