Концертите се враќаат во Македонија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Концертите се враќаат во Македонија. Ова го објави продукцијата „Авалон“, која соопшти дека се договориле со Министерството за здравство повторно да се одржуваат концерти, се разбира со специјални протоколи за безбедност поради спречување на ширењето на коронавирусот.

„Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување!“, се вели во соопштението на „Авалон“