Димитриеска-Кочоска: Ја зајакнуваме контролата врз јавните средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти дека се преземаат чекори за зајакнување на системот на ревизија и контролата на јавните средства.

Таа истакна дека е унапредена соработката меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, со фокус на спречување и откривање неправилности, измами и корупција.

За првпат во земјава ќе се спроведе национален испит за стекнување сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.

Според министерката, професионализацијата на ревизијата ќе придонесе за поефикасно, законито и одговорно управување со јавните средства.

Овие процеси, како што истакна таа, се дел од реформите за зајакнување на финансиската контрола и усогласување со европските стандарди, во рамки на Поглавје 32 – Финансиска контрола.