Концертот на познатиот Дејвид Гета закажан на 8 септември по повод 35-годишнината од независноста на Македонија е официјално распродаден.
Според информациите, купени се 50.000 билети за помалку од 12 часа и истите чинеа само 35 денари.
„Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот“, велат организаторите.
