Концесии за изградба на нов општински објект, Општина Тетово дава градежно земјиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градежно земјиште на општина Тетово, со површина од 3880 метри квадратни, ќе добие фирма која ќе гради објект во близина на општина Тетово за потребите на општинската администрација. Дополнително, општината ќе даде затворениот базен да се трансформира во „Аква парк“ на 15 години преку јавно-приватно партнерство. Ова беа дел од точките на седницата на Советот за кои се судрија советниците на Движење Беса кои се во локалната власт и оние на ДУИ кои се во опозиција. Според градоначалникот на Тетово, проценката на земјиштето ќе се врши со Јавна набавка за да се добие најдобра цена.

„Врз основа на ценовникот се проценува дека тоа земјиште ќе чини некаде околу 800 илјади евра, а за тоа се правеше во две фази бидејќи немавме земјиште со поголема површина што би можело да го покрие целиот проект и еве што важно е дека се работи за отворена постапка, понудувачите за изградба ќе дадат понуда за вредноста на изградбата на објектот за која сметаат дека може да биде помала од 1,2 милиони евра, но истовремено ќе дадат и понуда за земјиштето што ќе го добијат.“, рече Касами.

Опозициската ДУИ оценува дека овој објект врз основа на предлогот нема да се гради во целост, а тоа предизвикало општината да даде земјиште а да добие недовршен објект.

-Општина Тетово има намера јавниот имот да го даде на приватна фирма во замена за работите што ќе се направат за новиот објект на општината, ова јавно земјиште има многу поголема вредност од работите што компанијата ќе ги изврши во замена за ова земјиште, општина Тетово ќе има недовршен објект, додека приватната компанија ќе добие имот вреден милионски суми. На денешната седница единствениот јавен базен што го изгради претходното раководство на ДУИ, се доделува на фирма со образложение дека оваа компанија ќе гради „Аква парк“, додека градбите на „Аква парк“ во минатото имаат се оценети како пропаднати градби поради немање инвестиции.“, изјави Лиридон Диша, советник на ДУИ.

Врз основа на направената анализа, објектот на општината е проценет на вредност од 1 милион и 200 илјади евра, додека земјиштето што ќе го даде општината со површина од 3880 метри квадратни е со вредност од 880 илјади евра.