Копија од слика на Мона Лиза на аукција, ќе достигне вртоглава цена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Копија од Мона Лиза, познатата слика на Леонардо да Винчи, ќе се продава на аукција, и се очекува да достигне цена од 300 илјади евра.

Сликата е наречена Екинова Мона Лиза по својот поранешен сопственик, а се верува дека авторот ја нацртал на почетокот од 17 век.

Рајмон Екин кој починал во 1977 година, ја оспорувал автентичноста на оригиналот кој се наоѓа во Лувр.

Тој минал децении обидувајќи се да го убеди светот дека сликата на Мона Лиза која ја купил на една аукција во Ница 1953 година, е оригинал, додека онаа во Лувр е копија.

Аргумент на Екин бил дека оригиналната слика никогаш не била вратена после кражбата на почетокот од 20 век, туку завршила во профавница во едно село во југоисточна Франција, а музејот во Париз бил измамен со копија.