Корона не „уби“, нема каде да излеземе – како скопјани ја доживуваат изолацијата?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа речиси две недели откако почна изолацијата на граѓаните дома поради состојбата со коронавирусот. Но, како ја доживуваат изолацијата? Во анкета на ТВ21 велат дека едвај чекаат да помине оваа ситуација. За некои е тешко, но велат дека мерките треба да се почитуваат.

„Чекаме да помине вирусот, бидејќи корона не „уби“ сите. Немаме каде да одиме, каде да излеземе, но добро е што законот мисли на нас. До 11 часот имам право потоа се враќам. За ништо не ни е тешко бидејќи за сите е исто, и за нас треба да биде така“, вели граѓанин.

„Дома, што да правиме. Малку е тешко но што да правиме. Не излегуваме често, само по потреба, кога не треба, не излегуваме“, вели граѓанин.

И во Старата чаршија речиси сите дуќани беа затворени. Најдовме еден што беше отворен. Сопственикот вели дека нема воопшто работа.

Новинар: Имате ли сега работа?

„Воопшто немаме работа. Само така излегов. Во моментов нема работа, излегуваме колку да ги одржуваме дуќаните“, вели граѓанин.

Во земјава моментално на сила е вонредна состојба. Активен е и полициски час, од 21 до 5 часот наутро, додека преку викенд од 16 до 5 наутро.