Во првите две недели од почетокот на учебната година во Австрија, регистрирани се дури 455 случаи на Ковид-19.
Според податоците од Министерството за образование, дури 372 се деца, 58 наставници, 25 административни работници.
Исто така имало 3.600 сомнителни случаи на Ковид-19. Најголем број на инфицирани се во Виена (198 деца). Во главниот австриски град скоро и да немаше училиште во кое нема сомнителен случај.
Министерството за образование на Австрија со тоа почнува пилот проект, со кој мобилни тимови ќе тестираат во училиштата и сомнителни случаи, и лица кои имале контакт. Тестирањата ќе бидат на основ на „жабуркање“ на вода, а резултатите ќе бидат готови истиот ден.
Секои 3-4 недели ќе бидат тестирани 12 илјади деца.
