Корона вирусот го опфати и Ресен, општина која досега немаше ниту еден заразен. По три месеци откако овој вирус е присутен во нашата земја, за прв пат е дијагностициран ваков вирус кај жител на овој град.
Градоначалникот, Живко Гошаревски, за ТВ21 рече дека ќе ги зголемат безбедносните мерки, полициските патроли и контролите на Пазарниот инспекторат, бидејќи, како што рече, во тек е уписот во училиштата.
Од вкупно 1019 направени тестови во последните 24 часа, Институтот за јавно здравје извести дека се евидентирани 125 нови случаи со Ковид-19. Според градовите:
СКОПЈЕ 89
ТЕТОВО 11
ОХРИД 8
СТРУГА 3
ШТИП 2
ПРИЛЕП 2
СТРУМИЦА 2
ВЕЛЕС 1
ГОСТИВАР 1
КИЧЕВО 1
РЕСЕН 1
Пациент од Скопје, еден од Прилеп и 4 од Велес оздравиле, а 7 други починале од овој вирус. Станува збор за 3 пациенти од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и 2 од Струга.
Вкупната бројка на заразени со Ковид-19 е 3.364, а имаме 1.536 активни случаи во нашата земја.
