Коронавирус во Светот: Пола милион заразени во САД, рекорден број заболени во Русија, Саудиска Арабија воведе 24 часа полициски час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Светот регистирани се преку 1.780.000 случаи на коронавирусот, а починаа повеќе од 108 илјади. САД сега се на водечката позиција по бројот на жртви – 20.500.

Италија е сега на второто место со 19.468 починати, додека Шпанија е трета со 16.600.

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 2.186 случаи, што е рекорд во оваа земја од почетокот на пандемијата.

Саудиска Арабија се одлучи да го продолжи полицискиот час, односно од минатата седмица во Ријад и во другите големи градови има 24-часовен полициски час. Во таа земја се регистрирани 4.033 случаи на заболени и 52 смртни случаи.

Од коронавирус се излечени 400 илјади луѓе низ целиот Свет.