Досега нема ниту еден потврден случај со Ковит 19 или коронавирус. Резултатите на лицето кој дојде во земјата од Дубаи се негативни. Зголемените мерки на граничните премини и аеродромите, ќе останат на сила поради зголемената бројка на заразени од коронавирус во странство, но и поради тоа што се евидентирани и првите случаи во регионот, министер за здравство, Венко Филипче, рече дека имаме капацитет за да се соочиме со коронавирусот.
Но дали на Македонија и се заканува опасност од коронавирусот? Епидемиологот, Љуљзиме Бајрами, од Центарот за јавно здравство, Скопје, вели дека нема место за паника. Степенот на смртност од овој вирус е многу низок и се преземаат сите потребни мерки, изјави Бајрами во емисијата 10 минути во ТВ21.
„Единствената превентивна мерка е тие што доаѓаат од местите каде има висок ризик, да бидат внимателни и тие кои доаѓаат тука. Да не се плукна насекаде бидејќи вирусот се проширува преку плука и да не се кива без заштита. Да се мијат рацете. Личната хигиена е многу важна. Моментално нема место за паника. Ги замолувам граѓаните и апелирам дека нема место за паника бидејќи кај нас се уште нема регистриран случај и не сме толку блиску до жариштата на коронавирусот“, додава Љуљзиме Бајрами, Епидемиолог .
Стравот од коронавирусот ја натера Владата да ги откаже сите патувања и екскурзии на училиштата и универзитетите во Италија, каде бројот на заразени од Ковит 19 рапидно се зголемува. На последниот состанок, Владата го задолжи МЗ итно да обезбеди маски, ракавици, дезинфекциони средстваи заштитна облека за институциите на системот за интегрирано гранично управување, со цел заштита на вработените и да обезбедени средства за дезинфекција и сапун за училиштата и градинките.
