Канцеларијата на Европската Унија во Косово соопшти дека вршителката на должноста шефица на Канцеларијата на ЕУ, Ева Палатова, на проштална средба го пречекала вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.
Вршителката на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Ева Палатова, повторно го упати повикот на ЕУ за надминување на политичкиот застој и што поскоро формирање на косовските институции.
Палатова овие ставови ги изнела за време на прошталната средба со вршителот на должноста премиер, Албин Курти.
Таа ја истакнала потребата од унапредување на реформите и целосно искористување на можностите што ги нуди Планот за раст на ЕУ за развој на Косово како мултиетничка држава со аспирации за членство во Европската Унија.
Палатова исто така нагласила дека Европската Унија останува најсилен партнер на Косово.
Косово повторно ризикува да оди на избори, кои би биле четврти парламентарни избори во последните две години, доколку не биде избран новиот претседател на земјата.
Лидерот на владејачкото Движење Самоопределување (ЛВВ), Албин Курти, и претседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, разговарале за „конкретни имиња“ за иден претседател на Косово, но одбиле да ги откријат поради „чувствителноста“ на разговорите.
