Косово слави независност – државните лидери му оддадоа почит на претседателот Ругова

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката Османи и премиерот Курти учествуваа на свечената церемонија на подигнување на знамето во дворот на Владата, во чест на 17-годишнината од независноста на Косово. Тие се потсетија на жртвувањето на  на албанскиот народ низ вековите.

„Тоа е ден кога се сеќаваме на вековната жртва што ја направи нашиот народ за да ужива во овој ден, тоа е ден кога ги славиме успесите што ги постигна нашата Република во овие 17 години, јакнењето на суверенитетот, зајакнувањето на државноста и меѓународниот субјективитет, зајакнувањето на владеењето на правото, демократијата и економијата, но исто така е ден кога од срце им велиме едно големо благодарам на сите оние кои се жртвуваа и дадоа се со цел ние денеска да го славиме овој свет историски ден…“, вели Вјоса Османи.

Премиерот Курти истакна дека секој успех на Косово е успех и на меѓународната заедница, особено на САД.

„Студена зима, но топли срца додека си ја честитаме меѓу себе 17-годишнината од 17 февруари, прогласувањето на независноста на Косово како суверена и демократска држава, со територијален интегритет, со социјален напредок, демократски напредок и примерен економски раст. Економијата на Косово е трипати поголема отколку што беше пред 17 години, но во исто време сме пример за безбедноста…“, вели Албин Курти.

Претседателката Османи и премиерот Курти исто така оддадоа почит пред споменикот на исчезнатите и убиените деца во војната. Инаку во рамките на активностите за одбележување на 17-годишнината од независноста на Косово, државниот врв оддаде почит и на гробот на историскиот претседател Ибрахим Ругова и на активистот Адем Демачи.