Косово – Турција, историско финале на „Фадил Вокри“ – „шансите се 50-50“, Фода и Муриќи посакуваат победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре, фудбалската репрезентација на Косово ќе одигра историски натпревар против Турција во финалето од плеј офото, дуел што може да го одреди пласманот на Косово на Светското првенство.

Селекторот на Косово, Франко Фода, го оцени финалето против Турција како многу важен настан и изјави дека шансите се 50-50. Тој го пофали квалитетот на турскиот тим, споменувајќи играчи како Јилдиз, Ѓулер и Чалханоглу, но нагласи дека Косово е подготвено за секое сценарио, вклучувајќи продолженија и пенали.

„Тимот на Турција е многу силен и индивидуално, со играчи како Јилдиз, Ѓулер и Чалханоглу, тие се квалитетни, но и ние сме добри. Во финале сме со целосна заслуга, шансите се 50-50. Ќе дадеме сè од себе за да победиме“, порача Франко Фода.

Секако се гледа дека ова е многу важен настан. Никогаш немало толку многу новинари. Играме за пласман на Светско првенство. Добро е што сме мотивирани, но треба да останеме прибрани.“

Напаѓачот и капитен Ведат Муриќи изјави дека е горд што ја предводи репрезентацијата на Косово во овој историски дуел и изрази оптимизам за успех.

„Во една друга изјава кажав дека по независноста ова може да биде најголемата радост за нашата држава. Нашата желба и сила се максимални за да го постигнеме тоа. Не треба да имаме притисок, но утре мора да дојдеме до победа. Се надеваме на успех и потоа заедно да славиме на плоштад.“, вели Ведат Муриќи.

Натпреварот се очекува да биде силен и возбудлив, додека двете селекции ќе дадат максимум за историска победа. Косово влегува во оваа средба со максимална мотивација и поддршка од навивачите, кои очекуваат голем настап на теренот.

Да потсетиме, натпреварот меѓу Косово и Турција се игра од 20:45 часот на стадионот „Фадил Вокри“.