„Косово веќе 3 години има ВАР, дури и во втора лига“: Неџипи вели во Федерацијата треба да ги гледаат овие работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот фудбалер Ндерим Неџипи, а сега директор на ФК Шкупи, вели дека Фудбалската федерација треба што поскоро да го имплементира ВАР системот, а државата повеќе да инвестира во спортската инфраструктура. Тој изрази изненадување од недостигот на ВАР-системот, притоа додавајќи дека во Косово овој систем функционира веќе 3 години, дури и во втората лига.

Ндерим Неџипи: Најголемото нешто што треба да се направи сега е инвестирањето во инфраструктурата бидејќи овие работи многу му недостигаат на фудбалот во Македонија. По Албанија работев и во Косово. И покрај тоа што Косово доцна беше примено во УЕФА и ФИФА, оди напред со големи чекори.

-Новинар: Дали Косово има имплементирано ВАР систем пред Македонија

Ндерим Неџипи: Ова е трета година како Косово има ВАР. Дури и во втора лига имаат.

Новинар: Како е можно тоа да не се направи?

Ндерим Неџипи: Сега во Косово има телевизиски права, имаш безброј спортски емисии, во Албанија исто. Во федерацијата треба да ги следат овие работи и верувам дека сега ќе почнат промените, бидејќи е време. Не можеме вака да продолжиме. Треба да се инвестира во фудбалот ако сакаме да одиме напред.

Неџипи беше назначен за директор на Шкупи, клуб кој што доби нов спонзор. За новиот претседател, Јасин Конијали, Неџипи рече дека е амбициозен и благодарение на него клубот продолжува со натпреварите во елитниот фудбал на Македонија.