Косовски државјанин приведен на скопскиот аеродром поради лажни словенечки документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 12.12.2020 во 11,45 часот на Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица,Р.Косово. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.