Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, кој вчера реагираше по изјавата на директорот на струмичката болница, Наке Гогов, најави дека болницата утре ќе добие комбе.
Како што рече тој, ова комбе ќе биде дополнително од веќе обезбеденото кое беше најавено за декември.
„Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница.
Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември.
Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза.Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните. Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад.“, напиша Костдинов на својот Фејсбук.
Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со…
Posted by Kosta Kostadinov on Sunday, November 1, 2020
