Ковачев: Сакаме заедно да одиме кон ЕУ како најблиски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европратеникот Андреј Ковачев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека тие сакаат да одиме заедно напред во Европскиот Сојуз и како најблиски да си помагаме во се.

„Да најдеме решение за ова што е пред нас. Современата реалност е дека секој треба да биде признато основното човечко право на самоопределување , идентитетот, секој кој сака да се чувствува како горд Македонец тоа е негово право и никој не може да го оспорува. Како и јазикот на кој сака да зборува“, посочи европратеникот Ковачев.